Втор Скопски цветен фестивал

Од:

Во Градскиот парк во Скопје денеска и утре ќе се одржи вториот Скопски цветен фестивал на кој ќе се промовира одгледувањето цвеќе во затворен и на отворен простор, а граѓаните, ќе имаат можност да се вклучат во работилници и да ја покажат својата креативност и да научат корисни совети како да одгледуваат цвеќиња.

Фестивалот денеска ќе почне со настап на деца од градинки и основни училишта од Скопје, КУД Орце Николов, Ритам плус, Ребис и Прима данца.

Просторот на кој ќе се одржува фестивалот ќе биде поделен на три зони.

Првата зона ќе биде намената за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ ќе учествуваат на креативните работилници и на сите заинтересирани учесници ќе пренесуваат искуства за правилно садење и одгледување цвеќиња. Учесниците во работилниците ќе можат да научат и како да изработат цветно оригами, венчиња за девојчиња, како да направат цветен аранжман…

Во втората зона која е предвидена за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени.

Третата зона е предвиена за забава и еко-пикник. Граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат аеробик, зумба со своите деца и да слушаат музика во прекрасниот цветен амбиент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето