Враќање на дадилката од чадорот

Од:

Педесет години откако го изговори зборот „суперкалифраџилистикекспијалидошас“ омилената дадилка Мери Попинс, ќе се врати на големото платно во нов мјузикл.

Според „Холивуд Рипортер“, продолжението на филмот од 1964 година каде главната улога ја играше Џули Ендрјуз, ќе биде сместено 20 години подоцна. Сценарито ја следи приказната од романот за славната „дадилка со чадорот“, чиј автор е британската писателка Памела Линдон Траверс.

Режисер на новиот филм е Роби Маршал, чии дела се „Волшебната шума“ и „Пиратите од Карибите“, за музиката се задолжени Марк Шајмен и Скот Витмен, кои работеа на мјузиклот „Лак за коса“, додека сценариото го напиша Дејвид Меги.

Траверс била во врска со Волт Дизни во времето на екранизацијата на нејзините книги. Нивната љубовна афера е тема во филмот „Спасување на господинот Бенкс“ од 2013 година со Том Хенксон и Ема Томпсон во главните улоги.

Се уште не се знае кој во новиот мјузикл ќе ја игра Мери Попинс. Според Би-Би-Си, најголеми шанси за таа улога имаат Ен Хатавеј, Емили Блант, Ана Кедрик и Кери Малиген, но и холивудската ветеранка Мерил Стрип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ