Куче изгуби контрола и нападна два полициски коња во парк полн со луѓе, меѓу кои имало и деца.
На видеото кое го сними очевидец во лондонскиот парк Викторија, се гледаат хаотични сцени во кои полицајци на коњ викаат кучето кое наликува на американски булдог сопственикот да го стави на поводник.
Храбри минувачи се обидеоа да го запрат кучето, а еден маж со долга гранка се обиде да го избрка кучето од коњот. Сето тоа траеше околу пет минути.
Службениците може да се слушнат како викаат „тргнете го кучето веднаш“ и „земи го кучето“ додека се обидуваа да ги контролираат своите коњи кои почнаа насилно да замавнуваат со нозете.
@lailaboll Watch at your own discretion #victoriapark #london ♬ original sound – Laila Bell
Според снимката, се чини дека мажот облечен во маскирна облека е сопственик на кучето, и се гледа додека кучето напаѓа, тој се обидува да се извлече, а другите луѓе интервенираат.
Полицаецот се симна откако кучето беше оддалечено и нареди веднаш да се стави на поводник.
Еден од коњите се здоби со повреди на ногата, а двата коњи беа вознемирени откако кучето ги касна по нозете и телото.
Девојка очевидец за Sun изјави дека го шетала своето куче кога видела дека друго куче ги набљудува коњите.
“Беше шокантно и застрашувачки. Го видов кучето и говорот на неговото тело ми кажа дека коњите му го привлекоа вниманието и сака да се соочи со нив. Полицајците се обидоа да го натераат сопственикот да го стави кучето под контрола”, рече таа и додаде дека едно лице успеало да го тргне кучето и дека сопственикот потоа без брзање му ставил поводник.
Таа додаде дека не можела да направи ништо за да помогне бидејќи морала да го држи сопственото куче под контрола. Таа обвини некои сопственици на овој тип на кучиња дека ги купуваат само поради „статусот“ и ги повика сопствениците да ги држат своите миленици на поводник.