Фудбалерот од Костарика Хесус Алберто Лопез почина во својата татковина откако беше убиен од крокодил. Станува збор за фудбалерот на Депортиво Рио Кањас кој пливал во реката, токму по која го добило името клубот во кој настапува и во таа прилика бил нападнат од крокодил и немал шанса да се одбрани од него.
⚠️IMÁGENES FUERTES⚠️
➡️El futbolista Jesús Alberto López murió en el Río Cañas en Costa Rica al ser atacado por un cocodrilo cuando el jugador se encontraba nadando.
⚠️Se le disparó al reptil para poder recuperar el cuerpo. pic.twitter.com/2h3tKmUO77
— Imagen Puebla (@Imagen_Puebla) August 2, 2023
За жал, луѓето кои не биле далеку од местото на немилиот настан не можеле да го одбранат ниту да го сопрат крокодилот, кој потоа продолжил да го влече телото на фудбалерот низ вода, се разбира со намера да го изеде. На крајот полицијата се појавила и го застрелала крокодилот и го извлекла телото пред да биде целосно уништено, што е мала утеха во неверојатната трагедија што го снајде семејството Лопез.
„Драги пријатели, шокирани сме да ве информираме дека почина нашиот играч Хесус Алберто Лопез Ортиз ака Чучо. Почивај во мир Чучо“, објави неговиот клуб Депортиво на социјалните мрежи, додека пристигнуваат пораки со сочувство до неговото семејство. Фудбалерот зад себе ги остави сопругата и детето.