Машиновозач во Шведска останал изненаден откако пред неколку дена здогледал автомобил паркиран во близна на пругата по која се движел возот. Тој прво помислил дека можеби станува за самоубијци или за крадци кои чекаат во заседа.
„Кога има автомобил на пругата тоа значи дека крадците на бакар се на терен или дека на некоја несреќна личност и е доста од животот“, изјавил машиновозачот.
Но, ниту една од овие претпоставки не била точна. Откако тој го запрел возот полн со патници во местото Морум, се упатил кон паркираниот автомобил за да види во што е проблемот.
На негово големо изненадување таму не пронашол ниту самоубијци, ниту крадци на бакар, тука само љубовна двојка која веќе „не можела да издржи“, пренесува Local.
„Видов двајца среќни луѓе кои имаа свој момент на страст“, објаснил машиновозачот. На крајот тој ги замолил да се поместат и им рекол дека локацијата не им е баш најдобро одбрана.