Во Тузла направен најголемиот бурек во светот

Од:

На Плоштадот на слободата во Тузла вчера беше измесен најголемиот бурек на светот, со кој жители на овој босански град ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Бурекот беше приготвен во тепсија со пречник од шест метри и тежеше околу 650 килограми, што е доволно за дури 5.000 порции.

Подготвувањето на бурекот траеше шест часа и за него локални пекари исукаа кори во должина од 1,5 километри.

– Ќе го поделиме бурекот со народот и дел ќе им испратиме на службите кои за нас се грижат 24 часа, а тоа се пожарникарите, Брзата помош, полиција и Универзитетскиот клинички центар, изјави организаторот на оваа иницијастива Омер Исовиќ.

Тој изјави дека во рок од три месеци треба да добијат потврда дали е соборен Гинисовиот рекорд.

Според Исовиќ, досега најголемиот бурек на светот, со пречник од 5,5 метри, бил направен во Љубљана, но тој не влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицајци во Тузла скокнаа во надојдена река по криминалец, двајца се исчезнати

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он