Во тек е пријавувањето за најубаво украсени објекти во Скопје

Од:

Град Скопје информира дека е во тек пријавувањето за учество во традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат да ги украсуваат  своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Град Скопје и оваа година ќе избира најубаво новогодишно украсени: двор од индивидуална станбена куќа; тераса од стан; угостителски објект (надворешно) и двор на средно училиште. Пријавените објекти ќе ги посети жири составено од претставници на медиумите.

Награди од 10.000 денари ќе им бидат доделени на  првонаградените од трите категории,  а ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија во месец декември 2014 година.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, може да се пријават до 22 декември 2014 (од 9 до 16 часот) на телефонскиот број 3297 265.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на [email protected] или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Наградите на најуспешните на крајот на декември ќе им ги додели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ