Во стомакот на ајкула пронајдени останки на Американката која нуркаше во Индонезија

Од:

Американката Колин Монфо исчезна на 26 септември во морето во Индонезија додека нуркаше околу островот Пулуау Реонг, а нејзиното тело неколку дена подоцна го пронајде локален рибар во стомакот на ајкула.

Колин Монфо (68) тргнала да нурка, но никогаш не излегла на површина, бидејќи налетала на силна морска струја, пишува францускиот весник Фигаро.

Нејзините делови од телото биле откриени од локален рибар неколку дена подоцна, во стомакот на ајкула, на 120 километри од островот Пулуау Реонг, каде Монфо отишла да нурка.

„Мислев дека ајкулата проголтала пластика или рибарска мрежа“, рече рибарот, потврдувајќи дека подоцна сфатил дека во стомакот на рибата се наоѓаат остатоци од жена.

Монфо била на одмор со својот сопруг Мајк кога се случила трагедијата и била прогласена за мртва по страшното откритие.

“Нејзините отпечатоци од прсти ги користат американската амбасада и локалната власт како доказ за смртта. Тоа немаше да биде возможно доколку ајкулата ја нападнеше пред неколку недели”, рече пријател на жртвата, Ким Сас.

Според неа, нејзината пријателка била одличен нуркач и успешно извела повеќе од илјада нуркања.

Сопругот на Колин Монфо, Мајкл, вели дека таа не би сакала да знае дека „поради неа умрела ајкулата“ и дека нејзината смрт придонела за лошата репутација на овие морски предатори.

Би можело да ве интересира

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Предраг Петровиќ

Пожарот престана токму пред палатата на Том Хенкс

Предраг Петровиќ

Има 87 години, тренира како да има 30 години, телото и е нереално

Предраг Петровиќ

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ