Во јужнокорејскиот главен град Сеук е оворен Музеј на восочни фигури, во кој свое место „најдоа“ многу познати личности во целиот свет, како Псај, Мадона, Том Круз, кралицата Елизабета, Барак Обама или Силвестер Сталоне.
Посетителите на Музејот „Гревин“, меѓу другото, ќе можат да ги видат и ѕвездите на корејскиот поп бран „халју“, како и повеќе актери од јужнокорејските телевизиски серии и филмови.
Покрај домашните, корејски, познати личности, во Музјеот има и восочни фигури на Мајкл Џексон, но и на кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Гревин“ е прв „восочен Пантеон“ на фирмата „Компањи дес Алпе“ во Азија. Инаку, главниот конкурент на „Компањи дес Алпе“ во сферата на восочните фигури, „Мадам Тисо“ на тлото на Азија има свои музеи во Бангкок, Хонг Конг, Шангај, Сингапур и Токио.