Во Охрид од утре традиционалниот „Велигденски базар“

Од:

И оваа година за престојните Велигденски празници во Охрид ќе се одржува манифестацијата Велигденски базар.

На претпразничниот саем на отворено на плоштадот кај Чинарот свои производи по намалени цени ќе претстават бројни домашни производители на традиционални јадења како ѓомлезе, питулици, торти, колачи, потоа ученици и професори на Факултетот за туризам и угостителство, на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, продавачи на рачни изработки и сувенири, како и ракотворби изработени од страна на децата од основните училишта.

Манифестациајта ќе биде збогатена со забавна програма на која ќе настапуваат фолклорни ансамбли од градот, детскиот хор, како и содржини подготвени од страна на децата од градинката и основните училишта од градот.

Би можело да ве интересира

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Горан Наумовски

Новогодишен базар во ГТЦ

Тридневен базар на ракотворби „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Ана Ололовска

Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

Ана Ололовска

„Ајде да се дружиме” викендов во Марков манастир

Ана Ололовска

Базар на ракотворби и детска ликовна работилница претстојниот викенд во Марков манастир

Ана Ололовска