Во очекување на раѓањето на детето на британскиот принц Вилијам и неговата сопруга војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, во обложувалниците во Велика Британија денеска има навалица за уплата на облози „во последен час“, при што најмногу „се ставаат пари“ на името на идниот „трет во низата наследници на британскиот кралски престол“.
– Парите навистина се слеваат. Примивме уплати на околу 30.000 фунти (35.000 евра) за три часа. Тоа е неверојатно, изјави портпаролот на ланецот обложавалници „Педи Пауер“, Рори Скот.
Тој нагласи дека најголемиот дел на облозите се однесуваат на името на бебето, како и дека обложувањето на датумот на раѓање на наследникот е суспендирано.
Претставник на обложавалниците „Вил Хил“ изјави дека најмногу облози има на имињата Александра и Шарлот, а потоа на списокот следуваат имињата на мајката на Вилијам, Дајана, на кралицата Елизабет и на кралицата која најдолго била на тронот во Лондон – Викторија.
За оние пак кои мислат дека бебеот ќе биде машко – фаворити се имињата Џорџ и Џејмс.