Во Куманово ќе се одржи фестивалот „Кumanovo hangout music festival“

Од:

„Институт за наука уметност култура и спорт“ и The Yard Lounge Bar Куманово се организатори на фестивалот „Кumanovo hangout music festival“ , кој ќе се одржи на 14 и 15 септември, информираше денеска, уметничкиот директор Филип Стевановски.

На фестивалот ќе настапат џез музичари и поп, рок бендови од Македонија и Србија.

– Овој фестивал се одржува делумно втор пат, бидејќи втора година по ред се одржува Kumanovo Jazz Festival, но годинава одлучивме да ја збогатиме програмата и да направиме и втора вечер . Првата вечер 14 септември, на интернационалниот џез фестувал, ќе настапат „Кabadayas“, „Фierce“ од Македонија, „Visar Kuci trio“ од Косово, „Дrom“ од Грција и „Vasil Hadzimanov Band“ од Србија. Втората вечер на 15 септември, ќе настапат бендови од Македонија ,Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Нокаут, ДНК и Van gGogh од Србија“, информираше Стевановски.

Фестивалот ќе се одржи на отворено на површина на околу 5.000 метри квадратни на паркингот на спортската сала пред градскиот базен во Куманово. Покрај богатата музичка програма на 15 септември (сабота), во рамки на фестивалот ќе се одржи крводарителска акција во соработка со Црвен крст, како и спортски натпревари во тенис, пливање и кошарка.

Организаторите информираа дека поддршка за организирање на фестивалот, конкретно за џез вечерта имаат од Министерството за култура и општина Куманово. Дел од средствата од купените карти ќе бидат донирани за лицата со порпеченост, нагласија организаторите кои се надеваат дека фестивалот ќе прерасне во традиција.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра