Во кинески ресторан келнери се роботи, а готвачи андроиди

Од:

Во еден футуристички ресторан на истокот на Кина, андроиди „се вртат“ околу шпоретот, додека роботи на тркала сервираат јадења на клиентите.

Овој мал локал, што е отворен минатата година во Куншан, во провинцијата Џијангсу, нуди регионални специјалитети, но услугата нема ништо со традицијата, на против.

Два робота ги дочекуваат гостите на врата на ресторанот со неколку зборови на добредојде, додека четири мали андроиди принесуваат супа, ориз и други јадења на послужавници.

– Ќерка ми бараше да и направам робот, бидејќи мрази домашни работи, рече сопственикот на ресторанот Сонг Југанг, додавајќи дека тоа му дало идеја „да вработи“ андроиди и во секој локал.

Во кујната работат два сини робота со црвени, трепкачки лампи наместо очи. Еден е задолжен за пржени јадења, додека другиот подготвува равиоли и други полнети специјалитети.

Дел од персоналот на ресторанот го сочинуваат луѓе чија задача е да заминат во набавка и подготвуваат софистицирани јадења.

Сонг рече дека секој робот го чинел 40.000 јуани (4.860 евра), колку што изнесува годишната плата на работник.

– Роботите разбираат четириесетина реченици и наредби од секојдневниот живот. Никогаш не се разболуваат, не бараат годишен одмор, ниту слободни денови, задоволно истакна сопственикот на ресторанот.

Би можело да ве интересира

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ