Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Од:

Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан – близнаци родени во две години, петнаесет минути пред полноќ на 31 декември и на полноќ на 1 јануари 2022 година.

Фатима и Роберт прво го добија својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми.

Болницата на Твитер објави дека веројатноста за тоа да се случи е еден на два милиони.

– Лудо ми е што се близнаци и имаат различни родендени, изјави мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна“.

Матичната лекарка во болницата, докторката Ана Абрил Ариас, изјавила дека ова породување е „едно од највпечатливите“ во нејзината кариера.

– Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година, рече Ариас.

Двете бебиња наскоро ќе одат дома кај своите три постари сестри и брат-две девојчиња и едно момче.

Би можело да ве интересира

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди Калифорнија

Горан Наумовски

Три бебиња од Младеновац починаа за само 24 часа: Мајка на бебе му давала парацетамол на еден час, па го предозирала

Горан Наумовски