Во Грција нанижана најдолгата верига од лук во светот

Од:

Жители на селото Неа Виса, близу градот Орестида во североисточна Грција, ја направија најдолгата нишка од лук во светот, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Венецот е долг 612,7 метри, јавува ТВ „Скај”.

Претходниот рекорд во оваа категорија и припаѓаше на Унгарија, и тој изнесуваше 255 метри.

Идејата била на Димитра Атанасова Ѕориду, а нејзините соселани сесрдно и помогнале во задачата. За нишката биле потребни 16 часа макотрпна работа и 20.000 главици лук со маса од над 2 тона.

Џиновската верига била изработена за на изложбата „Алекспо 2018″ во Александрополис.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава