Во цртаните филмови има повеќе убиства отколку во играните

Од:

Во цртаните филмови за деца има повеќе случаи на смрт отколку во играните филмови и анимираните главни јунаци многу почесто умираат, покажува едно неодамна објавено истражување.

Во студијата се вели дека главните јунаци од цртаните филмови за деца имаат 2,5 пати повеќе шанси да умрат од јунаците на играните филмови, како и дека имаат три пати погоелми шанси да бидат убиени и тоа често многу сурово.

Главните херои умираат во две третини од цртаните филмови наменети за деца, за рзлика на половина од јунаците во филмовите за возрасни, покажа студијата објавена во Британскиот медицински журнал.

– Наместо нежни алтернативи на типичен хорор или драма, детските анимирани филмови се всушност полни со многу убиства и хаос, оценуваат авторите на Иан Колман и Џејмс Киркбрајд.

За потребите на студијата биле анализирани детски цртани филмови со најголема заработувачка, почнувајќи од „Снежана и седумте џуџиња“ од 1937 година, па до „Леденото царство“ од 2013 година. Спореда била правена со бројот на починати или убиени главни ликови во двата играни филмови со најголема заработувачка премиерно прикажани истата година. Од споредбата биле исклучени акциските и авантуристички филмови наменети за деца.

Анализата покажала дека родителите на главните јунаци во цртаните филмови петпати почесто умираат отколку оние во филмовите за „големи“. Во „Бамби“, „Покахонтас“ и „Петар Пан“, јунаците се убиени, во „Малата сирена“ и „Заспаната убавица“ се избодени, а животни напаѓале во „Барајќи го Немо“ и „Тарзан“.

Филмовите со анимирани автомобили и играчки не се вклучени во студијата, затоа што концептот смрт не пости за таквите јунаци. Студијата, исто така, не пронашла никаков доказ дека нивото на насилство пораснало од 1937 година и анимираниот филм „Снежана“, каде лошата кралица-маќеа паѓа од карпа бегајќи од потерата на бесните џуџиња.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Ана Ололовска

Украинска НВО: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Ана Ололовска