Во Битола почнува интернационалниот фестивал на музика од светот

Од:

НУ Центар за култура-Битола вечер по четврт пат ќе биде домаќин и организатор на Интернационалниот фестивал на музика од светот, за кој поддршка има од Министерството за култура.

Годинава фестивалот е со збогатена и повеќедневна официјална програма и придружни содржини во кои ќе настапуваат музичари од Македонија, Србија и Турција, информираат од оваа национална установа.

– Програмата е континуитет на ланскиот фестивал, концептот е врзан со групи и солисти кои циркулираат на ова и поширокото поднебје, односно музика од Балканот и светот. Затоа одлучив во официјалната програма да настапат Каролина Гочева со композиции од албумот „Македонско девојче“, Васил Хаџиманов со неговиот бенд кои ќе понудат музички колаж со динамична музика и јунаците од Босфорот, групата „Баба Зула“ од Турција, изјави за МИА, Оливер Јосифовски, селектор на фестивалот на музика од светот.

Вечершаниот концерт ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, додека концертот на групата „Баба Зула“ ќе се одржи во т.н. ресторан за свадби исто така во објектот на НУ Центар за култура кој скоро една деценија е затворен и не е во употреба.

– На групата „Баба Зула“, на членовите од тој бенд кои како да се „излезени од сликовница“ им треба токму таков амбиент, простор во кој ќе може својата источна музика најефикасно да ја доближат на публиката и да и овозможат слободно да игра и да се забавува. Во познатиот битолски ресторан за свадби се подготвува специјална бина, простор за ви-џеј кој ќе нуди видео-презентации и други изненадувања. Тие во Битола ќе пристигнат утре, рано наутро и веднаш по концертот заминуваат на друга светска дестинација, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он