Во Австрија ќе им даваат на децата награди ако излегуваат надвор на прошетки

Од:

Оваа есен, 7.000 ученици од 27 училишта во австрискиот главен град Виена, ќе собираат поени и ќе се натпреваруваат да освојат вредни награди, до кои ќе можат да дојдат ако што почесто излегуваат на отворено и се шетаат.

Целта на играта „Точки на улицата“ е поголема физичка активност кај децата, но и заштита на климата. Според градските власти во Виена, пандемијата на коронавирусот уште повеќе го ограничи движењето на најмладите, па игрите со топка со другарчињата, спорт, ластик, трчање, велосипеди – сѐ тоа сега е уште понепопуларно.

А сепак, сето ова ги прави децата поздрави, среќни, радосни и ги развива нивните моторни, социјални и умствени способности, велат локалните власти.

Преку „Точки на улицата“, децата во Виена собираат поени пешачејќи до училиште, продавница или пак, при посета на пријатели. Наградната игра трае од 2 октомври до 13 ноември. Поставени се 35 кутии за игри на неколку улици, а децата собираат поени со притискање копче на кутиите, па напредувајќи во играта, си го развиваат натпреварувачкиот, но и колективниот дух за успех.

Според Овие забавно-образовни дејности имаат за цел, меѓу другото, и придонес за зачувување на климата на планетата Земја.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски