Вљубеноста ни го менува умот и телото

Од:

Вљубеноста е убаво чувство, кога имаме пеперутки во стомакот и главата во облаците, а научниците тврдат дека тоа не е ништо субјективно, туку дека хемијата на нашето тело се менува и навистина стануваме други личности.

Така на пример од љубовта се чувствуваме опиено и тоа од единствена причина – вљубувањето го активира истиот невролошки систем во мозокот како и кокаинот (?!), така што еуфоријата не треба да не изненадува, таа е сосема нормално, пишува хрватски Тпортал.

Љубовта не прави непобедливи, барем така се чувстуваме, а причината е повторно хемијата. Љубовта ги активира деловите од мозокот кон кои вообичаено се насочени против лековите против болка, така што вљубени можеме да го поднесеме и она што вообичаено не би го поднеле ни во лудило.

Но, љубовта не прави и поглупави, затоа што кога сме вљубени потешко ги решаваме задачите кои стојат пред нас. Научниците за тоа немаат дефиниран одговор, но сигурно е дека тоа е така.

За жал, можеме да станеме и злобни на што влијаат нервните хормони кои се поврзани со емпатија и агресија – кога сакаме некого, хормоните ја претвораат емпатијата во заштитничка агресија.

Сепак, бидејќи има повеќе корисни последици – љубовта победува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ