Вкусот на вашиот омилен сладолед покажува какви сте во кревет

Од:

Летото е време кога постојано посегнуваме по сладолед. Ова ледено задоволство, за вас открива повеќе отколку што може да претпоставите. Всушност, вашиот омилен вкус на сладолед открива какви сте во сексот и што очекувате од партнерот.

Ванила

Овој вкус е класика помеѓу сладоледите и веќе со децении е еден од најпопуларните. Ако го обожавате овој вкус, тогаш сте личност која цврсто стои на земја. Како и сладоледот, преферирате класичен секс и не сте љубител на големи експерименти во креветот. А предлогот за секс на отворено или на необични места, скоро секогаш го одбивате. Тоа не значи дека сте досадни во кревет. Љубителите на ванила се нежни и секогаш се во потрага по вистинската љубов.

Чоколада

Чоколадата е популарна исто колку и ванилата. Но за разлика од белата ретро класика, постојат повеќе видови чоколадни сладоледи. Љубителите на чоколадниот сладолед се страствени луѓе кои сакаат да уживаат – како во храната и добрите вкусови, така и во љубовта и сексот. Овие луѓе имаат седмо сетило кога се работи за потребите на другите. Тие се посветени и издржливи љубовници.

Орев, фстаци, лешник, бадем

Овие сладоледи тешко се комбинираат со другите вкусови. Па така, љубителите на овие вкусови се верни души. Секс со различни партнери едноставно не е за нив. Овие луѓе се романтичари и секогаш бараат сериозна и стабилна врска. Изневерувањето не доаѓа во предвид, а семејството секогаш им е на прво место.

Страчатела

Овој вкус е средина помеѓу ванилата и чоколадото. Така не мора да правиме избор и добиваме две во едно. Љубителите на страчатела се неодлучни, а во кревет им е потребна разноликост. Обожаваат различни секс пози и не можат да одлучат која им е најдрага, исто така обожаваат варијации на различни секс теми. Кога е љубовта во прашање, остануваат верни и посветени само ако добијат доволно слободен простор за себе.

Лимон

Не постои сладолед кој освежува повеќе од лимонот. Љубителите на ломонот се сонувачи и кога е сексот во прашање. Имаат широки хоризонти, но тие често не можат да се остварат. Сакаат егзотични работи, а кога се работи за изборот на партнер, се карактеризираат со неодлучност. Сепак, кога ќе ја сретнат вистинската љубов, вистински се посветуваат. Со љубителите на ломонот, еротиката секогаш е во игра.

Кафе, карамела

За оние кои обожаваат кафе и карамела, овие сладоледи се без конкуренција. Тоа се прагматични луѓе, а такви се и во љубовта. Не сакаат да експериментираат, па може да се случи и да се налутат ако партнерот им предложи нешто ново и необично. Овие луѓе повеќе ја бараат љубовта на интелектуално ниво, отколку на еротско.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ