USB.mk на Мобилниот конгрес во Барселона: Виртуелната и проширена реалност во фокусот на конгресот

Од:

Вештачката интелигенција, дигиталните гласовни асистенти, виртуелната и проширена реалност и презентацијата на новите уреди на најголемите светски технолошки компании го обележуваат годинашното издание на Светскиот конгрес за мобилна технологија (Mobile World Congress), што денеска почна во Барселона и ќе трае до 1. март.

На конгресот, на кој има и претставник од „USB.mk“, посетителите имаат можност да ги видат најновите достигнувања во областа на технологијата, којашто има големо влијание врз глобалниот општествен и економски развој. Поставени се штандови на повеќе од 2.300 учесници меѓу кои присутни се производители, интернет бизниси, медиуми, маркетинг компании, иноватори, мултимедијални креативци.

Со свои изложбени простори се претставуваат гигантите Samsung, Sony, LG, Huawei, Acer, Amazon и Google и уште голем број битни играчи чија дејност е тесно поврзана со мобилната технологија, апликациите и електронските услуги. Samsung посебен акцент стави на вчера претставените Samsung Galaxy S9 и S9+, за чија презентација од лице место ексклузивно можевте да се информирате на нашиот портал.

Посебно внимание привлекуваат павиљоните на кои се презентираат уредите за проекции на виртуелна и на проширена реалност. Според најавите, пак, големи се очекувањата и од Samsung и Amazon кои треба да ги претстават новитетите на своите дигитални гласовни асистенти Bixby и Alexa.

Како и секоја година, се бара место повеќе и на бројните презентации и предавања што со набиена агенда ќе се одржуваат за време на Конгресот. Како клучни предавачи се најавени првите луѓе на највлијателните компании и организации во светот.

Џеф Цукер, првиот човек на „CNN International“, Тимотеус Хотгес, CEO на „Дојче Телеком“, Shang Bing, првиот човек на „Чајна Мобајл“, Börje Ekholm од „Ериксон“, Зак Браун од „McLaren Technology Group“, Cher Wang од кинескиот гигант HTC, ќе бидат само дел од клучните говорници што ќе споделат свои знаења и искуства на бројните конференциски сесии.

Свое кусо предавање ќе има и ѕвездата од „Формула еден”, пилотот Фернандо Алонсо, возач на „Мекларен“.

На првиот ден од Конгресот ќе се одржи дискусија на тема „Creating Better Content & Media“, на која како клучни предавачи ќе настапат Џереми Фокс од „Atrium TV“, Гејвин Патерсон од „BT Group“, Џеф Цукер од „CNN Worldwide“ и Cher Wang од HTC.

Од нашиот известувач од Барселона
Никола Бугарев

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса