Викендот трет Скопски цветен фестивал

Од:

Под мотото „1.000 цвета за Скопје“, утре во вториот дел од Градскиот парк, на просторот спроти „Паркот за миленици“ ќе почне третиот Скопски цветен фестивал. Организатори се Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Посетителите на Цветниот фестивал, што ќе се одржува викендов, ќе имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

На отворањето на Цветниот фестивал ќе му претходи цветно дефиле во кое ќе учествуваат околу 450 деца од градинките и основните училишта, како и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија. Тие ќе тргнат утре, во 10 часот од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк и ќе пристигнат на локацијата предвидена за фестивалот.

Според програмата, третотото издание на Скопскиот цветен фестивал ќе ги понуди повеќе содржини. Во Цветниот центар ќе се претстават фирми-излагачи од државава и од странство, чија дејност е од областа на хортикултурата и производството на цветен и саден материјал. Ќе се претстават Грин планет, Хорти дизајн, Китка, Розен центар Фоја, Пинар С, ЈП „Паркови и зеленило“, Флораком, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Хортикултура МК (портал за хортикултура), Шумарски факултет-Скопје…

На цветниот фестивал ќе се организираат креативни работилници за сите возрасни групи. „Мојот прв насаден цвет“ е работилница за деца и изработка на цветни оригами, венчиња од цвеќе, ќе има работилница за изработка на цветен аранжман, основи на фотографија, цртање и боење, драмски перформанси, ликовни работилници…

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ги обнови градините од претходните години и ќе уреди уште две нови хортикултурни и цветни решенија.

Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се информираат за одгледувањето цвеќе и да добијат корисни совети од професори и дипломци од Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ (насока хортикултура), како и останати стручни лица со искуство во планирање, уредување и одржување на зелениот простор.

Предвидени се забавни и едукативни игри, ритмички и танцови групи, јога, пилатес, музички групи, отворена галерија, мултимедијални перформанси и тематски претстави.

Скопскиот цветен фестивал утре ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а в недела од 10 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето