Виетнамскиот пејач Дук Фук е победник на меѓународниот музички натпревар Интервижн, чие финале се одржа синоќа во Москва.
Второто место го освои триото „Номад“ од Киргистан, а третото – Дана ал Мир од Катар, пренесува РИА Новости.
Изведувачот Слободан Тркуља со бендот „Балканополис“ ја претставуваше Србија на овој музички натпревар и го освои 14-то место, со 236 поени.