Виенчани трошат 183 милиони евра на летни активности

Од:

Летниот одмор во својот град на „убавиот син Дунав“ го минуваат речиси една четвртина од Виенчаните, а најпосетени им се летните градини, потврди истражувањето на Стопанската комора на Австрија.

На прашањето како го минуваат летниот одмор и што работат во слободното време во лето, од вкупно 500 анкетирани Виенчани повеќе од половината одговориле дека во текот на летниот одмор остануваат во Австрија. Четвртина испитаници одморот го минуваат во градот, а 28 отсто патуваат некаде во внатрешноста на земјата. Околу 36 отсто одморот го минуваат во рамки на Европа, девет отсто резервираат некое далечно патување, а само девет отсто Виеначни изјавиле дека нема да користат одмор.

Виенчани во текот на летното слободно време трошат околу 183 милиони евра.

Интересно е податокот дека и покрај многуте активности на отворено и уметнички и културни понуди, три четвртини од жителите на Виена во лето почесто ги посетуваат локалите заради летните градини.

Омилени летни активности на Виенчани во слободно време се: време минато во природа (65 отсто), прошетка низ градот (61 отсто), излегувања во ресторани (54 отсто), спорт на отворено (51 отсто), летна градина (51 отсто), базен (37 отсто), шопинг (31 отсто), концерти (31 отсто), излегувања (27 отсто), музеи (26 отсто), театар /опера (23 отсто), фитнес центри (12 отсто).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Еден од уапсените терористи од Виена детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт

Горан Наумовски

Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“