Еротскиот танц познат под името „Daggering“ причина е за се почестите случаи на прелом на пенис во Јамајка, а владата на оваа Карипска држава апелира младите да се воздржат од оваа „забава“.
Овој танцов стил подразбира имитација на сексуалните движења, но преку облека и завземајќи различни пози во ритамот на музиката. Меѓутоа заради големото триење и грубата „игра“ често доаѓа до прелом на пенисот или други помалку или повеќе опасни повреди.
Од таму организирани се многубројни јавни протести кои бараат Владата на Јамајка да ги забрани песните со латентно сексуална содржина.
„Daggering“ познат и како „сув секс“ нема да може да се емитува на ТВ, нити ќе можат да се снимаат такви видео спотови. Така одлучи тамошната Радиодифузна комисија.