ВИДЕО: Шољи за кафе како добредојде во градот на конзулите

Од:

Големи шољи за кафе се појавија на секој чекор во Битола. Ваква е идејата на градската власт за пречек во градот на конзулите.

Кафето било традиција, го пиеле конзулите во минатиот век, а денеска без него не се можело. Може да се претпостави како би изгледало ова размислување  и идеа , доколку се знае дека пастрмајлиите се традиција во Штип, калинките во Валандово, а пиперките во Струмица.

Огромните шољи за кафе се поставени на кружните текови среде хортикултурно уредените тревни површини, а на нив е грбот на Општина Битола.

Работниците денеска забрзано ги полнеа огромните шољи со земја.

Видеото е на ТЕРА ТВ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик