Анџелина Џоли даваше автограми на меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а една обожавателка истрча кон актерката, поради што реагираше обезбедувањето.
Видеото набрзо се рашири на социјалните мрежи, а многумина беа воодушевени од реакцијата на Анџелина, додека постапката на обожавателката некои ги шокираше.
Обожавателката се проби низ толпата и силно ја прегрна Анџелина, поради што обезбедувањето веднаш дојде да ја отстрани. Сепак, Анџелина им рњчњ дека е добра и ја прегрна.
Девојката со солзи во очите разговарала со Џоли, а после тоа си заминала во придружба на обезбедувањето.
— media (@ENTpIus) September 11, 2024
На снимката се слуша како Анџелина им вели да бидат добри со девојката.
Судејќи по нејзината насмевка, актерката не ја сметала за закана.
Сепак, однесувањето на оваа обожавателка не им се допадна на многумина.
„Ова е толку страшно, замислете да беше друг тип фан“, „Страшно“, „Овие фанови мислат дека светот се врти околу нив“, „Обожавателите треба да научат што е личен простор“, се само дел од коментарите на X.
Многумина ја пофалија и нежната реакција на Анџелина кон девојката.
Беше толку фина“, напишаа на социјалните мрежи.