Секогаш грациозната и подготвена британска принцеза Кејт Мидлтон, која ја носи титулата омилен член на кралското семејство, за време на посетата на Северна Ирска се најде во крајно непријатна ситуација. Имено, една жена директно во очи и „рекла“ дека не е посакувана во тој регион.
Непријатната ситуација се случила за време на прошетка во Белфаст, каде што десетици граѓани се собрале да ги поздрават Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Вилијам, пишува Дејли мејл.
И додека сите ги поздравуваа со ентузијазам, една од присутните не се радуваше да ги види и не се двоумеше да го каже тоа.
Kate Middleton was told ‘Ireland belongs to the Irish’ by a member of the public during a visit to Belfast ? pic.twitter.com/wH5jntiODY
— The National (@ScotNational) October 6, 2022
Госпоѓата во зелено палто најпрво посегна до Мидлтон, а потоа и кажа неколку не толку пријатни зборови.
„Мило ми е што те запознав, но би било подобро да си во својата земја. Ирска им припаѓа на Ирците“, ѝ рекла непозната жена.
Омилената принцеза се трудела да остане присебна и да ја задржи насмевката на лицето. Таа продолжи механички да се поздравува со толпата.
Дамата во зелениот капут беше критикувана за нејзиното „дрско однесување“, а Мидлтон беше пофалена што не дозволи овој коментар да и пречи и достоинствено реагираше.
Исто така, Мидлтон доби и голем број комплименти за облеката што ја носеше тој ден.
Инаку, истражувањето спроведено неодамна меѓу британската јавност покажа дека Мидлтон е неспоредлив омилен член на кралското семејство. Британските медиуми ја гледаат како модел на член на монархијата и е во целосна спротивност со Меган Маркл, сопругата на Хари, помладиот брат на Вилијам.