Компанијата Дизни сними уште една преработка на своја класика: – цртаниот од 1990-те, „Кралот лав“. Новиот филм е исто така делумно анимиран, компјутерски, но сето тоа сега изгледа многу пореалистично.
Гласовите овојпат ќе ги позајмат: Доналд Гловер (како главниот лик Симба), Бијонсе (мајката лавица), Били Ајхнер (мунгосот Тимон), Сет Роген (дивото прасе Пумба) и препознатливиот Џејмс Ерл Џоунс како главниот антагонист – злобниот лав Муфаса.
Проектот е во постпродукција, а премиерата е закажана за 19 јули 2019 година.