Генерации деца ширум светот пораснаа со еден од најпопуларните цртани филмови за лудориите на мачорот Том и глувчето Џери, кои вчера прославија 75 години од појавувањето на првата епизода.
Овој серијал на анимирани филмови на авторите Вилијам Хана и Џозеф Бербера, според магазиниот „Тајм“, е меѓу најдобрите телевизиски серии на сите времиња.
Првиот серијал на цртани филмови во продукција на МГМ се состоел од 114 епизоди, кои биле емитувани во периодот од 1940 до 1957 година. За овој период Хана и Барбера освоиле дури седум Оскари за цртани филмови од серијалот „Том и Џери“.
Првата епизода „Puss Gets The Boot“ („Мачор ја доби чизмата“) е емитувана во киносалите во САД на 10 февруари 1940 година. Тогаш мачорот се викал Џеспер, а глувчето Џинкс. Меѓутоа, една година подоцна аниматорот Џон Кер ги прекрстил вечно завојуваните мачка и глушец во Том и Џери.
Терминот „Том и Џери“ се користел во 19-от век во Лондон за да се опишат младите кои биле сколни кон беснеење и недолично однесување.
По Хана и Барбера, на подукцијата на „Том и Џери“ работеа и Џин Дејч и Чак Џонс, а телевизијата „Картун Нетворкс“ лани почна да емитува нови епизоди изработни во визуален стил на оригиналната серија.