Поп-пејачката Тамара Тодевска денеска ја промовираше својата најнова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски јазик.
Музиката и текстот се во соработка помеѓу Лазар Цветковски и Тамара, која првпат се јавува како текстописец.
Песната е во модерен ритам и има моќен видео спот, во режија на Огнен Шапковски.
– „Нијагара“ е за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата – Вели Тодевска.