Шкотланѓанката Сара за време на нејзината туристичка посета на Нов Зеланд, на плажата во Пиктон здогледала еден убав маж, но не успеала да се запознае со него.
Неможејќи да го избрише од своите мисли, Сара решила по секоја цена да го пронајде мистериозниот маж, па оставила љубовна порака на видно место на плажата, со надеж дека ќе ја види тој или некој негов познаник .
– Седев на плажата кога претрча со твоето куче и ми се насмевна… Дали си заинтересиран за пијалок/кафе/прошетка…? Јас сум моментно во Велингтон, но наскоро се враќам во Пиктон, напиша Сара меѓу другото во пораката, додавајќи дека повторно ќе седи на истото место, па….
Но, пред него, пораката ја виделе голем број минувачи и локални гости, па таа наскоро стана хит на социјалните мрежи и како што тоа обично се случува денес, интернет си го стори своето и приказната стигнала до „мистериозниот Ромео“.
„Ромео“, чие име е Вилијам Скот Чармер, реагирал брзо на пораката и решил да дојде на посоченото место. Но, тој не бил единствен со таква намера, па на „местото на настанот“ дошле и десетина љубопитници кои со нетрпение очекувале да видат како ќе се одвива средбата.
Сара и Вилијам се сретнале во близина на плажата. Како вистински џетлмен Вилијам се појавил со шише шампањско и и се обратил на Сара: „Здраво, јас сум Вилијам. Знаеш, можеше едноставно да ми пријдеш и да го побараш бројот на телефонот. Да одиме да се напиеме нешто на некое потивко место“.
Пораката која кружела по интерент на Вилијам му ја покажал еден негов пријател, кој заклучил дека токму тој би можел да биде мажот од „потерница“, бидејќи има таква тетоважа на ѕвезда на торзото.
– Воопшто не се двоумев околу одењето на плажата и запознавањето на девојката. Единствено, не ми се допаѓа големото внимание на јавноста, па тоа некако ќе се обидам да го прескокнам, изјави Вилијам за „Дејли Мејл“.