ВИДЕО: Снимка од пукањето по концертот на Џастин Бибер во Лос Анџелес

Од:

Три лица биле застрелани пред ноќен клуб во Лос Анџелес каде настапувал пејачот Џастин Бибер, а на чиј концерт присуствувале многу познати имиња од Холивуд.

Пукањето се случило во петокот вечерта по настапот на канадскиот пејач, а според полицискиот извештај три лица биле застрелани. На видеото од инцидентот се гледа дека прво почнува тепчка, по што се се слушаат повеќе истрели.

Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми. Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.

На настапот на Бибер, кој го најавува Супербол викендот, присуствувале неговата сопруга Хејли Бибер, Леонардо ди Каприо, Дрејк, Амбер Роуз, Лил Бејби, сестрите Клои и Кендал Кардашијан, како и Џеф Безос со партнерката.

Би можело да ве интересира

Џастин Бибер го поддржа Израел, а објави фотографија од разурнатата Газа

Предраг Петровиќ

Објавени фотографии како би изгледале Мадона, Џастин Бибер, Дуа Липа..без методи за подмладување

ВИДЕО: На Џастин Бибер му е парализирана едната страна од лицето, пејачот е во лоша состојба

Предраг Петровиќ

Џастин Бибер обвинет за плагијат

Алек Болдвин го потврди бракот на Хејли и Џастин Бибер

Наум Локоски

Џастин Бибер расплака обожавателка во Австралија

Наум Локоски