(ВИДЕО) Снимка од концертот на Јоце Панов, последниот концерт на Сара Пројковска

Од:

Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции.

Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот.

Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е последниот концерт на кој покојната Сара Пројковска беше придружен вокал. Јоце и Сара соработуваа повеќе од дваесет години.

Од ПР Тимот велат дека поп печајот во моментов подготвува неколку проекти, влезен е во студио и многу наскоро се очекува да биде објавен еден летен хит, за кој се снима и видео запис. Интензивно се работи на подготовки за концертната турнеја која низ градовите во државата ќе продолжи на есен, а веќе на пролет следната година во преговори се за настапи во дијаспората кај нашинците.

Би можело да ве интересира

Лиам Галагер најави враќање на европските сцени во 2026 година

Традиционалниот предновогодишен концерт на Павле Камилоски првпат во Битола – со генерална поддршка од Астра Казино

Концерт „Wandering Echoes“ на Младинскиот хор од Солун

Џијан Емин и Франческо Тристано – музичките архитекти на инаугурацијата на Неговото Кралско Височество Гиjом од Луксембург

Горан Наумовски

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел