Режисерот Мартин Скорсезе и актерот Леонардо ди Каприо по шетсти пат ќе ги здружат силите за да работат на нов проект.
Овој пат, како што објавија американските медиуми, станува збор за филмот „Devil in the White City“.
Компанијата „Парамаунт“ досега во два наврати го разгледуваше снимањето на овој филм, а пред тоа за него беше заинтересиран и „Вернер“.
Првично за работа на филмот интерес пројавуваа Том Круз и Кетрин Бигелоу, но Ди Каприо ги откупи правата за снимање во 2010 година и на подготовката на сценариото и на целиот проект работеше шест години.
Филмот ќе се базира на книгата „The Devil in the White City: Murder, Magic, and Madness at the Fair That Changed America“, која говори за вистинската приказна за архитектот Дениел Харнам, кој во 1893 година го изградил Светскиот саем во Чикаго и за докторот Ејџ. Ејџ. Холмс, сериски униец, кој еден хотел во близина на саемскиот комплекс го претворил во „замок на смртта“.
Според најавите, Ди Каприо во филмот ќе ја толкува улогата на доктор Холмс.