ВИДЕО: Се вика Пеперутка, мајка и е овца, а татко и јарец

Од:

Сопственичката на мала приватна зоолошка градина во Аризона се изненади кога нејзината овца роди младенче кое повеќе личи на коза, пренесува „Метро“.

Младенчето на овцата Мома и јарецот Мајкл се роди во „My Petting Zoo“ во Скотсдејл минатата недела.

Присила Мотола и нејзините синови минатата недела тргнале да хранат животни, кога еден нејзин син пронашол мало животно за кое верувал дека е штотуку родено јаре.

Меѓутоа, ниту една нивна коза не можела на свет да го донесе тоа младенче, бидејќи сите неодамна се ојариле.

– Тогаш видовме овца која што туку се ојагнила. Не знаевме ниту дека таа била бремена. Забележавме дека се здебелила, но мислевме дека премногу јадела, рече Мотола.

Младата женка го доби името Батерфлај (Пеперутка), поради големите црни шари.

Таа има глава и нозе како коза, а опаш и волна како овца. Мотола сфатила дека нејзиниот татко е црн џуџест јарец.

Батерфлај привлече големо внимание на медиумите и корисници на социјалните мрежи. Мотола вели дека таа убаво се развива и оти изгледа здраво.

Би можело да ве интересира

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ