Наставникот Џони Сисна од американската сојузна држава Ајова 180 дена се хранел со по три оброка дневно само од „Мекдоналдс“ – појадок, ручек и вечера и при тоа загубил 27 килограми.
Благодарејќи на тој експеримент, Сисна доби дополнителна работа во „Мекдоналдс“, па сега е еден од амбасадорите на брендот, при што патува и одржува предавања за тоа на кој начин ги загубил вишокот килограми.
Секако, Сисна на неговите предавања не промовира „фаст-фуд“ диета, туку само нагласува дека постојат здрави опции и во рестораните за брза исхрана.
– Можете да јадете било што, но важно е да ги потрошите конзумираните калории. Уживајте во храната на начин како што треба, вели Сисна.