Една чета војници во руската армија како музичка позадина на строевиот чекор ја избраа песната од Лејди Гага “Bad Romance”. И не звучи полошо од оригиналот.
Инаку, и во американската војска има традиција на пеење во текот на строевиот чекор или строевата обука. На војниците им се остава голема самостојност во изборот на текстовите, во кои дури може да лелекаат за воениот живот или да навредуваат конкурентска единица.