(ВИДЕО) Романка со години ја потпираше вратата со голем камен – тој вреди милион евра

Од:

Повозрасна жена од Романија со децении користеше голем камен како држач за врата, не сфаќајќи дека поседува едно од највредните природни богатства некогаш пронајдени во таа земја.

Дури по нејзината смрт откриено е дека станува збор за огромен примерок од килибар, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Ова необично откритие се случи во селото Колци, во романскиот округ Бузау – област позната по наоѓалишта на посебен вид килибар наречен „руманит“. Овој фосилизиран растителен смолест материјал е ценет поради своите карактеристични темноцрвени нијанси и се експлоатира во тој регион уште од 1920-тите години.

Жената што го пронајде каменот не знаеше што всушност поседува. Парчето, тешко околу 3,5 килограми, со години служеше како обичен држач за врата. Беше толку незабележливо што дури ни крадците, кои еднаш ѝ ја ограбија куќата, не го земаа.

Дури по нејзината смрт во 1991 година, еден роднина што ја наследи куќата се посомнева дека каменот можеби не е обична карпа. По дополнителни проверки, се покажа дека станува збор за исклучително редок примерок на руманит.

Наследникот потоа го продаде на романската држава, која побара стручна проценка од Историскиот музеј во Краков, Полска. Нивната анализа покажа дека килибарот е стар меѓу 38 и 70 милиони години.

– Ова откритие има исклучителна вредност, како за науката, така и за музејските збирки – изјави за „Ел Паис“ – Даниел Костаке, директор на Покраинскиот музеј во Бузау.

Романските власти го прогласија овој примерок за национално богатство, а од 2022 година тој е изложен во Покраинскиот музеј во Бузау, недалеку од местото каде што бил пронајден.

Би можело да ве интересира

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

ВИДЕО: Романската војска го следела, но не го соборила дронот

Катерина Ѓуровски

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

ВИДЕО: Дрон погоди зграда во Романија, повредени жена и дете

Катерина Ѓуровски