ВИДЕО: Пронајдени 600 шишиња француски коњак на дното на Балтичкото море постари од еден век

Од:

Екипа на нуркачи пронашла 900 шишиња француски коњак на дното на Балтичкото Море, наменети за последниот руски император, на брод за транспорт потонат од германска подморница во 1917 година.

Интригантнатаа приказна започна во мај 1917 година кога шведскиот брод „Кирос“ пловеше за Петроград, носејќи 50 сандаци француски коњак и уште 15 сандаци алкохол. Примачот на пратката не беше никој друг туку царот Николај Втори, кој абдицираше два месеци порано.

Русија сè уште беше формално во војна со Германското Царство, па товарот беше испратен од Франција на брод што припаѓаше на неутрална Шведска. „Кирос“, сепак, никогаш не стигна до својата дестинација.

Додека минувал крај островот Аланд во Балтикот, бродот бил пресретнат од германската подморница „УЦ-58“.

Според законот за време на војната, Германците го обвинија екипажот за шверц на нелегална стока, принудувајќи го да се пресели во друг брод, но пред тоа да го потоне својот брод.

Деветстотини шишиња, со најдобри и најквалитетни француски пијалоци, завршија на дното на морето.

Пред 20 години потонатиот брод беше пронајден, но беше премногу опасно да се нурне. Но, сега, тим од шведски и исландски нуркачи одлучи да се обиде и успеја.

Со помош на роботи, тие конечно успеаја да спасат околу 600 шишиња коњак „De Haartman & Co“ и 300 шишиња ликер од „Benediktin“.

Некои од шишињата сè уште имаат оригинални восочни печати и обележја.

„Важноста на ова не може да се потенцира доволно. Не само што ова е редок наод, туку е и дел од историјата на империјална Русија“, изјави шведскиот тим.

Посебно внимание се посветува на ликерот „Benediktin“, кој веќе не се произведува, а неговиот производител, кој влече корени од францускитемонаси, го презема „Bacardi“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа