ВИДЕО: Проклета комбинација-високи потпетици и подвижни скали

Од:

Британската железничка компанија „Нетворк Рејл“ обjави снимка од падот на една жена со петпици додека ги користеше подвижните скали на една станица од метрото во Лондон.

Снимката од овој пад е објавена во рамките на кампањата со која патниците се повикуваат да бидат внимателни за време на Божиќните празници.

Само што застана на подвижните скали, штиклата и се заглави помеѓу две скалила и додека се обидуваше да се ослободи, се преврте и остана во таа положба се додека скалата не ја однесе до горе.

Оваа девојка не е единствена на која и се случила ваква незгода. Во текот на изминатите 12 месеци на железничките станици низ цела Британија повеќе од 3000 луѓе се лизнале, се сопнале или паднале.

Би можело да ве интересира

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти