Претставничката на Јужноафриканската Република, Деми-Ли Нел-Питерс, ја освои титулата „Мис Универзум”, на синоќешната гала свеченост којашто годинава се одржа во Лас Вегас.
За прва придружничка на 66-то издание на овој натпревар за убавина е избрана „Мис Колумбија”, Лаура Гонзалес, а за втора – „Мис Јамајка”, Давина Бенет.
Relive our new #MissUniverse's answer to the Final Word. pic.twitter.com/czO8vgSiuU
— Miss Universe (@MissUniverse) November 27, 2017
На изборот учествуваа девојки од вкупно 92 држави. За првпат во историјата годинава на него учествуваа девојки од Камбоџа, Лаос и Непал.
The next #MissUniverse is… SOUTH AFRICA! pic.twitter.com/GxlFcdJnV5
— Miss Universe (@MissUniverse) November 27, 2017
Македонија немаше своја претставничка на натпреварувањето годинава.