ВИДЕО: Познатиот музичар го нападна Доналд Трамп во неговата нова песна: „Голем криминал“

Од:

Канадско-американскиот музичар Нил Јанг објави нова песна наречена „Голем криминал“ во која го критикува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Во новата песна, која беше поставена на неговиот YouTube канал, Јанг пее за правните проблеми на Трамп, но и за неговите постапки во борбата против криминалот во Вашингтон.

„Не ни требаат фашистички правила, не сакаме фашистички училишта, не сакаме војници на улиците“, се зборовите на песната на Јанг.

Ова не е прв пат Јанг да ја користи својата музика како политичка платформа, истакнува Гардијан.

Во 2020 година, тој ја ажурираше својата песна од 2006 година „Lookin’ for a Leader“, додавајќи текст за Трамп.

Овој музичар, како што пишува Гардијан, е познат по своите критики кон Трамп, а претходно поднесе тужба против него за користење на неговите песни на изборни митинзи, која подоцна ја повлече.

Би можело да ве интересира

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ