Пиксар е познат по неговите „велигденски јајца“ (Easter eggs), односно скриени пораки во филмови, а една од најраширените има врска со бројот А113.
Како што е објаснето во Дизни Пиксар видеото, кое на Јутјуб се наоѓа веќе некое време, но дури сега го привлече внимание на медиумите, буквата А и овие три броеви можат да се најдат во голем број нивни филмови, од „Приказни за играчките“ до „Немо“.
Таа го претставува бројот на училници на калифорнискиот Институт за уметност, кој го посетувале многу аниматори. Со ова оддаваат почест на нивните професори и струката, пишува Бизнис инсајдер.