ВИДЕО: Поплавен град, излезе на површина

Од:

Лаго Епекуен, некогаш живо туристичко место на истоименото езеро, 550 км јужно од Буенос Аирес, беше сокриено под вода речиси 25 години.

По повлекување на солената вода од 2008 година, некогашниот бањски центар почна да излегува на површина.

Малиот аргентински град Лаго Епекуен бил поплавен при пукање на брана на 10–ти ноември 1985 година, како последица на обилни врнежи.

Околу 1.500 жители едвај успеале да ги соберат најосновните работи и да побегнат, пред водата која достигнала длабочина од 10 метри.

lago-05

-Имав многу мачки и кучиња, кои побегнаа неколку дена пред поплавата и никогаш повеќе не ги видов – вели четириесет и осумгодишната Норма Берг за „Франс прес“, чие семејство било принудено да го напуши својот дом.

lago-03

Пред потопот овој бањски центар со децении бил познат поради својата лековитост.

Имало 280 туристички објекти во кои претстојувале околу 20.000 туристи годишно.

lago-02

По соленоста на водата езерото Епекуен го зазема второто место по Црното море. Легендата вели дека езерото настанало од солзи на еден голем поглавар, кој бил во очај, поради саканата.

Се зборува дека во Епекуен владее пролетта, дека лекува од депресија, реуматизам, кожни болести, анемија дури и од дијабетис.

lago-04

И покрај тоа што водата во значителна мерка е повлечена, градот се уште не е обновен и во моментов има само еден жител, 81-годишниот Пабло Новак.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ