Музичарот од Ливерпул, Колин Вернкомб (53), кој е познат под уметничкото име Блек, почина синоќа откако последните два дена ги мина во кома по тешката сообраќајна несреќа.
Блек ја загуби битката, наведено е на неговиот Фејсбук профил, при што се додадва дека крај неговата болничка постела цело време биле сопругата Камила и трите сина.
Несреќата се случи кога Блек возел од неговиот дом во Скул кон аеродромот во Единбург.
Блек се прослави во 80-тите години на минатиот век со хитовите „Wonderful Life“, „Sweetest Smile“ и „Everything’s Coming Up Roses“. Тој издаде 15 албуми, објави книги со поезија и имаше неколку изложби на сопствени фотографии. Повеќе од десет години живееше и работеше во Ирска.