На интернет се шири неверојатна снимка од концертот на шкотскиот пејач Луис Капалди, а многумина пишуваат дека плачеле откако ја гледале.
На 26-годишниот пејач, на кој минатата година му беше дијагностициран Туретов синдром, имаше напади за време на изведбата на песната „Someone You Loved“.
Од ненадејниот напад пејачот не можеше да го изведе својот голем хит, но потоа се вклучи и публиката која гласно ја испеа споменатата песна.
@bbc The Glastonbury crowd ft @lewiscapaldi – what a beautiful moment ❤️🤗 listen on @bbcsounds ♬ original sound – BBC
„Плачам, среќен сум што го гледав ова дома“, „Сите што беа таму треба да се гордеат со себе. Луис е прекрасна личност и ова сигурно нема да го заборави“, „Како фановите си го презедоа тоа на себе да го кренат.. Се гледа благодарноста на неговото лице“, се дел од коментарите.
По концертот, Луис се огласи на својот Инстаграм профил и откри дека морал да ја прекине турнејата.
„Порано можев да уживам во секоја секунда од ваков настап и се надевав дека по три недели одмор ќе можам да се опоравам. Но, вистината е дека сè уште се навикнувам на ефектите од Туретов синдром и во сабота стана очигледно дека треба да посветам повеќе време на моето ментално и физичко здравје за да можам долго да правам се што сакам“, напиша меѓу другото на својот Инстаграм профил.
Капалди претходно отворено зборуваше за неговата борба со Туретовиот синдром, но и за проблемите со менталното здравје, особено за анксиозноста.
Неговите следбеници во коментарите му дадоа бројни пораки за поддршка.
Одвој време колку што ви треба, а ние ќе ве чекаме“, стои во еден од коментарите.