Патните трошоци на Силвана Бонева беа предмет на коментар на Златна Бубамара на популарноста.
Имено Силвана Бонева, која живее во Струмица, но чии синови имаат станови во Скопје, од собранискиот буџет и биле исплатени 23 .000 евра за дел од 2013 и дел од 2014 година.
Таа демантираше дека и’ биле исплатени толку пари, појаснувајќи дека 23.000 евра се однесуваат на месеци во 2013 и 2014 година, но тоа истото го објавија всушност медиумите со голема прецизност и за кои месеци се работи.