Триминутно видео кое се појави на ЈуТјуб покажува колку сме опседнати со технологијата и виртуелниот свет, што сме во неможност да живееме во реалноста.
Имено, анимираниот филм покажува луѓе кои се занимаваат со различни занимања, но едно им е заедничко – сите непрекинато гледаат во нивните компјутери. Сепак, тоа не би било толку страшно доколку нивната опседнатост константно не предизвикува нови трагедии и несреќи.
Иако, можеби не сте свесни за тоа, најдобро ќе ја сфатите опседнатоста со социјалните мрежи по гледањето на овој клип.