Од компанијата „Celebrity Cars“ кој го продава моделот на Кадилак „1928“ велат дека автомобилот на гангстерот Ал Капоне е навистина реткост што се уште е во возна состојба.
Блиндираниот автомобил е опремен со стакло од еден сантиметар и голем оклоп.
Кадилакот содржи менувач од четири брзини, а има поминато околу 1,111 милји.
Компанијата која го продава автомобилот претпоставува дека Капоне го купил Кадилакот од близок роднина во Чикаго.
Карактеристично е тоа што задниот прозорец од автомобилот е изработен да се спушта брзо така што им дозволува на патниците да го користат своето оружје додека автомобилот е во движење.
Стаклото е изработено така што овозможува митралезот да биде потпрен додека се истрелуваат куршуми кон целта.
Според „Celebrity Cars“, историјата на кадилакот е евидентирана уште од 1932 година и може да се следи од натписи објавени во стари американски весници, стари записи на „IRS“ и сметки дадени од неговите сопственици.